Природни сапуни Бела

Природните сапуни Бела се рачно изработени со ладна постапка на сапунификација и немаат никакви вештачки додатоци, бои и мириси. Не содржат конзерванси (парабени) , СЛС (натриум лаурил сулфат ) и други токсични хемиски адитиви. Сапуните имаат додатоци на сушени билки, цветови, корени, зачини или есенцијални масла, кои не само што даваат боја и мирис, туку имаат и полезно дејство. Сапуните се изработуваат во мали серии и секој сапун е направен и спакуван рачно. Базичната предност на рачно изработениот сапун е глицеринот – кој се ослободува при процесот на сапунификација и е природен омекнувач на кожата, ја негува кожата и ја задржува влажноста. Изработуваме сапуни со козјо млеко и вегански сапуни изработени само од растителни масла и путери. Во оваа мала работилница одговорно внимаваме на секој сегмент на производството, од изборот на состојките до еко пакувањето. Ве покануваме да го разгледате изборот и да си изберете сапун за вашата кожа!

 

Advertisements